Концертот на хорот „Кочо Рацин”, атракција за туристите во Сули Ан

 20 јули 2024 година

Исполнет простор со публика, и влегување и задржување на бројни туристи и добронамерници вечерва во Сули ан беше првата слика од концертот кој го одржа најстариот скопски хор, реномираниот хор “Кочо Рацин”.

Кратки- но слатки македонски песни, аранжирани во најдобри аранжмански хорски обликувања, хармонична и синхронизирана хорска изведба и нежно пеење, сето тоа го задржуваше вниманието на публиката, а ништо не е случајно, ова е хор кој постои 78 години, а некои од членовите во него се и преку 40 години.

Со хорот вечерва диригираше младата маестра Ангелина Спасовска.

Во прекрасниот и спонтан амбиент на Сули ан, под скопското небо, вечерва беа изведени китка традиционални македонски песни, меѓу кои и една молитва, како и “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”, “Билјана платно белеше” со поетска медитација, “Мери Томчо сто драм алва”, “Зурли трештат на сретсело” “Горо ле горо сестро комитска”, “Што ми е мило ем драго на Струга дуќан да имам”, “Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо”, “Момиче бело црвено не ми задавај јадови”…

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.