Староградското друштво „Распеани Паланчани“ ќе одржи концерт на староградската кривопаланечка песна на 11 ноември 2024 (понеделник), со почеток во 18, 00 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.
На концертот ќе бидат изведени незаборавните староградски песни инспирирани од кривопаланечката традиција и историја, како и вистински настани и личности, кои го претставуваат индентитетот и духот на градот.
Концертот ќе биде проследен со фотографии од „Распени Паланчани“ низ годините, кои говорат за растежот и документираните времиња на друштвото. Истовремено, посетителите ќе се навратат и на староградскиот културен и социјален живот преку презентација на пречек на гостите, незибежното слатко, традиционалните колачиња, бонбони, кривопаланечката боза.
„Распеани Паланчани“ се репрезент на кривопаланеката култура и традиција, која досега ја презентирале на бројни фестивали во земјата и во странство. Низ друштвото поминале бројни членови, а последните години во него членуваат и млади генерации.