На 20 јули 2024 година, утревечер, програмата на реномираниот Скопско лето е резервирана за концерт на најстариот скопски хор, познатиот хор “Кочо Рацин”.
Со него ќе диригира маестра Ангелина Спасовска, со подготвен одбран репертоар.
Концертот ќе се одржи во прекрасниот амбиент на Сули ан од 20.30 часот.
Билетите по скромна сума од 200 денари се во продажба на следниов линк.
Хорот „Кочо Рацин“ е формиран во 1946 во селото Горно Врановци, а изминативе 78 години диригенти се највидни имиња од македонската хорска музика, како Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Томислав Шопов, Летка Димовска Полизова, Стојан Стојков, Тоде Радевски, Илија Атанасов, Жанета Дивјакоска Донева, Марија Андонова, Ангелина Спасовска…
Хорот има бројни настапи и турнеи во земјава и светот, а за презентирање на македонското музичко творештво во светот е одликуван со Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда, а добитник е и на наградите Св. Климент и 13. Ноември на град Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.