Почетна МУЗИКА Концерти Концерт на Симфонискиот оркестар Јеил на 11 Март во Филхармонија

Концерт на Симфонискиот оркестар Јеил на 11 Март во Филхармонија

За прв пат во Скопје како дел од европската турнеа на 11 Март 2025 година во салата на Филхармонија со почеток од 20 часот ќе настапи Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ (YSO).

Симфонискиот оркестар на Јеил (YSO) има одржано безброј концерти, турнеи ширум светот и соработува со славни имиња од класичната музичка сцена како Јо-Јо Ма, Најџел Кенеди, Емануел Акс, и многу други.

Денес се смета за еден од најважните младински оркестри во САД.

Младите музичари кои членуваат во Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ ја продолжуваат својата кариера во најпрестижните оркестри во светот, како на пример

Њујоршката филхармонија, Лос Анџелес Филхармонија , Лондонска Филхармонија, итн.

Со Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ диригира Масетро Вилијам Ботон, основач на Англискиот Симфониски Оркестар (ЕSО) . Масетро Вилијам Ботон е меѓународно признат диригент кој во својата кариера има направено соработки со големи светски оркестри и солисти ширум светот зад него стои обемна и наградувана дискографија.

Како солисти ќе настапат: Тобиас Луи – виолина, Ерин Ниши- виола. На концертот во Скопје Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ ќе се претстави со дела од Рихард Штраус, Моцарт, Копланд и Вилијамс.

 

 

metropolis-big