На 28 февруари 2024 година, во НОБ од 20 часот за првпат ќе се одржи Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат поп и оперски пејачи во придружба на Оркестарот на НОБ и Националниот џез оркестар.
Настанот ќе започне со црвен тепих во 19:30 чaсот.
Ќе настапат Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска- Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн и Христијан Тоневски.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ (на фотодот), долгогодишен македонски коментатор на Оскарите.
Церемонијата на Академијата за филмска уметност и наука е закажана на 11 март во Лос Анџелес.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.