Калина Александар успешно дебитира со песната “Да не те познавав” 

“Да не те познавав” е насловот на деби синглот на младата и талентирана Калина Александар. Со оваа песна таа настапи во дебитантската вечер на Макфест 2024 и според гласовите на публиката и стручното жири го обезбеди своето место во главната вечер на фестивалот каде што имаше привилегија да настапи рамо до рамо со веќе етаблирани имиња од македонската поп сцена.

Калина Александар има 18 години и е четврта година во МБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје.
Нејзината пасија кон пеењето и танцот се преточува на сцената играјќи водечки улоги во различни мјузикли. “Да не те познавав” е всушност нејзиното огнено крштевање на поп сцената.
Комплетен автор и продуцент на песната е Александар Масевски.
“Да не те познавав” многу наскоро ќе го добие својот официјален видео запис.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.