Јане Славов почнува соло кариера 

Младиот Јане Славов, досега познат како пејач на “Фидбек бенд” најавува нови авторски песни кои планира да ги објави и промовира во наредниот период:

– Во тек е подготовка на нови авторски песни кои се надевам дека ќе ги слушнете во идниот период. Во следниот период целосно ќе се посветам на музиката, со нови идеи и проекти кои верувам дека ќе донесат свежина и нова енергија во мојот музички свет, додава Славов.

Музичкиот состав познат по одличните настапи , „Фидбек Бенд“, повеќе нема да биде ист.

– По десет години заедничка работа и успех, дојдовме до моментот кога одлучив да направам промена во поглед на кариерата. Промена која носи нова енергија и излегување од комфорот зона, со цел сите да продолжиме да растеме како личности и уметници. Во овие години поминавме многу заеднички моменти, учевме едни од други и создадовме трајни спомени. Без разлика на тоа што музичкиот пат сега се разделува, нашето пријателство и сеќавањата на заедничката работа остануваат како највреден плод на овие десет години, вели Јане Славов за напуштањето на досегашниот бенд.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.