Седумнаесетгодишната Јана Мрческа од Прилеп дебитираше на овогодишното издание
на “Макфест” и како најмлад учесник оваа година, Јана се претстави со песната „Убава и Храбар“.
-Музиката отсекогаш живее во моето срце. Таа е нешто што ме исполнува и што ме прави
среќна. Кога музицирам, имам настап или пеам се чувствувам како вистинската јас. Таа е
мое мало место каде што се чувствувам слободна, вели Јана и додава дека „Макфест“ за неа е едно од поголемите искуства исполнето со многу енергија и забава.
-„Убава и Храбар” е песна која има големо значење за мене. Најпрво затоа што е моја
прва официјална песна, а потоа затоа што јас доста се пронаоѓам во неа од текстот, па
сѐ до музиката, вели Јана.
Музиката и аранжманот за првата песна на Јана се на Иле Спасев, додека пак текстот е напишан од Борче Нечовски.
За песна е изработен и официјален видео спот кој е снимен во Скопје од страна на Јордан Ѓорески.