Улична уметност е уметноста која се создава на јавно место- на улици, во трговски центри, и претставува уметнички изблик, по сопствено слободно сценарио или програма. Во современите земји е многу ценета, а тоа е матрица која веќе сосема успешно се пресликува кај нас, благодарение на младите креативци кои ја изведуваат со дигнитет.
Тие, во од, нѝ држат доста лекции. Една од тие е музиката изведена на улица, која привлекува внимание.
Ќе се согласите со мене ако во ГТЦ наидете на свирка на младиот скопјанец Иван Лозаноски. Ова талентирано 19- годишно момче е самоук гитарист, бруцош на факултетот по стоматологија, и еден ден со своите вешти прсти прсти ќе ги лекува болните заби, дотогаш ќе нѐ лекува со музика од неговите вешти гитарски прсти.
За екипата на “КулАрт” денес во ГТЦ по свој избор нѝ ја оствири песната “Ледена” од Тоше Проески. И тоа, феноменално!
Иван Лозаноски: “И леден, и меден”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.