Hypnotized на диџеј Галоски промовирано во емисите Тиесто и Армин Ван Бурен

Диџеј Галоски е македонски диџеј и продуцент многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед. Галоски е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика. Со интернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за најголемите реномирани издавачки куќи во светот, летниот период последниве неколку години се само дневна рутина за него.

 

Изминатата недела имаше и ново клупско издание насловено како “Hypnotized”, во соработка со Јапонскиот Дј и продуцент Yaksa, издадено од Hysteria Records, кое беше премиерно емитувано во радио емисиите на две од најголемите диџејски имиња на сите времиња, глобалните музички ѕвезди Тиесто и Армин Ван Бурен. Ја достигна и позицијатa број 1 на Trending Tracks на глобалнo ниво на 1001Tracklists. Изданието доби поддршка и од греми добитникот Afrojack, како и домаќините на славниот Тумороуленд – Dimitri Vegas & Like Mike, Timmy Trumpet, Fedde Le Grand, R3hab и други.

 

 

Агендата на Галоски летово е исполнета со настапи ширум земјава, а и најавени настапи низ целиот Балкан. Минатата недела имаше настап во Будва на самиот почеток на летната сезона. Галоски ќе може да го слушаме летово и во Охрид на соло настап на 3ти Август. Веќе има најавено ново издание за крајот на летото и интернационална турнеја низ Азија и Европа за оваа есен.

За сите подетални настани следете го на:

Facebook: / galoski

 

Instagram: / galoskimusic

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.