Актерот Кијану Ривс ќе има средба, односно видеоразговор преку апликацијата „Зум“, со обожавателот кој ќе понуди најмногу пари за „Кем рејнбоу голд” – хуманитарна организација за деца заболени од рак.
„Го познавате. Го обожавате. Ова е навистина непроценлива можност да разговарате со него од дома“, се вели во описот. Наддавањето се затвора в понеделник, а датумот за разговор со Ривс е планиран за почетокот на јули.
Највисоката виртуелна понуда за овој видеоразговор досега достигна над 16.000 долари.
Предвидено е разговорот со ѕвездата да трае 15 минути, со веќе подготвени прашања.
Сиот приход од овие „15 минути слава – со Кијану Ривс” ќе ѝ биде директно уплатен на организацијата со седиште во Атланта.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.