Утре, 05.12.2024 година, во 19 часот во Музеј на македонската борба ќе се одржи годишниот концерт на најстариот скопски хор “Кочо Рацин”.
На програмата ќе биде застапена хорска духовна музика, композиции и обработки од македонскиот музички фолклор како и стихови од Кочо Рацин.
Хорот „Кочо Рацин“ е формиран во 1946 во селото Горно Врановци, а изминативе 78 години диригенти се највидни имиња од македонската хорска музика, како Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Томислав Шопов, Летка Димовска Полизова, Стојан Стојков, Тоде Радевски, Илија Атанасов, Жанета Дивјакоска Донева, Марија Андонова, Ангелина Спасовска…
Хорот има бројни настапи и турнеи во земјава и светот, а за презентирање на македонското музичко творештво во светот е одликуван со Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда, а добитник е и на наградите Св. Климент и 13. Ноември на Град Скопје.
-Нека биде Радост, со оваа порака членовите покануваат на концертот.
Влез, слободен.