Хороскоп за Овен – април со нова енергија

За љубителите на астро визијата, ве информираме дека www.kulart.mk, ќе објавува Хороскоп за сите зодијачки знаци по годишни периоди: пролет, лето, есен и зима, а секој месец ќе објавува целосен хороскоп за зодијачкиот знак чиј месец го одбележува. Во април почнуваме со Овенот, првиот од Зодијачките знаци, знак кој е управуван од Марс, планетата која симболизира енергија и воинственост.

Марс е бог на војната и агресијата, според митолошките легенди а покрај на Овенот е заштитен знак и на Шкорпијата. Овните се воинствени, со  натпреварувачкиот дух , кој им помага на патот кон успехот. Тие се одликуваат со многу енергија, креативност, но знаат да бидат и горделиви и нетолерантни. Целиот тој склоп ги дава карактеристиките на секој припадник на овој Астро знак.

Како први во астролошкиот круг, сакаат да се број 1 во се. Сакаат да се во центарот на вниманието и да ги восхитуваат луѓето со својата самодоверба. Овновите се познати по тоа што не сакаат да бидат сами, и потребно им е големо внимание дури и повеќе од тоа што покажуваат дека го посакуваат. Во љубовните односи се многу романтични. Умеат да уживаат во секој миг, страсни се и никогаш не го разочаруваат партнерот, посебно додека трае страста.

Огнот го определува нивниот став кон сите нешта а значајно е дека сакаат да одговараат на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Кога се откажуваат пред самиот крај на успехот,  тогаш ги фаќа малодушноста на Воинот.  Секогаш кога не можат да ги контролираат работите и животот стануваат поагресивни дури и неподносливи. Ако не се на врвот или во првите редови ги обзема страв кој го покажуваат со нервоза и повлекување.

Овновите се најдобри како: војници, управници на фирми, лидери, спортисти, месари, инженери, производители на оружје…..сè што е поврзано со ризик и предизвици. Нивните добри карактеристики се нивната енергичност и динамичност, борбени, страсни, ентузијасти, оригинални, охрабрувачки и херојски настроени,  посветени, грижливи, реагираат брзо, веруваат во своите способности и не се плашат од бариерите, имаат голема самодоверба и самодисциплина. Во лошите особини им бројуваат : гордоста, егоцентричноста,премногу се  импулсивни, тврдоглави, љубоморни, непостојани, нетолерантни, агресивни и имаат проблем со дипломатијата.

Нивната најголема желба е : Секогаш да се  број еден!

Љубов во април

И оваа пролет ќе ја разбуди желбата за авантури, за одлично расположение и за забава во вашата сезона на роденднеи. Три големи планети (Јупитер, Плутон и Сатурн) ќе преминат во ретроградно движење, носејќи  личности од минатото, па и  Овновите нема да бидете исклучок во тоа. Внимавајте со кого ќе си подадете рака повторно.

Првите 20 дена од април со сонцето во  вашиот знак, ќе бидете едноставно расположени и шармантни. Ќе го живеете животот онака како што секогаш посакувате да е. Нема да  пропуштите  ниту една забава а цело време ќе се подготвувате за вашата роденденска забава измислувајќи сто поводи и начини како да ја напраите .

Во истиот тој период до 20 април, вљубената Венера, ќе се движи низ  вашата 12-та куќа на фантазиите и идеализмот, ставајќи розов превез пред вашето лице. Тоа значи дека може да им придавате да луѓето добри карактеристики кои во реалноста не ги поседуваат, па внимавајте !

Бидејќи 12-тата куќа е и сектор на завршетоците и опростувањето, некои овни ќе одлучат да прекинат љубовна врска во која се измачувале, а други ќе му простат на партнерот за грешка од минатото.

Најубавиот ден за вас овој месец несомнено ќе биде 5 април. Младата  месечина ќе се појави во вашиот знак, носејќи ви можност да започнете од почеток во секоја област од вашиот живот. Следете ги вашите соништа и бидете смели.

Некои овни на овој ден ќе излезат од статусот кво и ќе ја одведат врската на следното ниво, додека други ќе започнат нова врска.

На 19 април Полната  месечина ќе биде во  вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, обврзувањето и љубовта. Тоа е втора полна месечина по ред во овој ваш сектор, што се случува многу ретко. Страста ќе струи во вашето тело, а вие ќе биде позаљубени во партнерот отсекогаш. Не е исклучена можноста да добиете неочекуван предлог за брак или да се вселите со саканиот под ист кров.

За сингл Овновите

Романтичните чувства  ќе ве обземааат а вие тешко ќе им се спротиставувате. Одете на местото каде најчесто го среќавате оној што ви се допаѓа и покажете му го тоа. Не се плашете, тој нема да може да ви одолее.

Запомнете : 20 април, Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе се пресели во вашиот знак. Тоа значи дека ќе поседувате огромна привлечност и дека ќе умеете да го насочите целото внимание кон себе каде и да се појавите. Цела година го чекавте овој момент, а сега искористете го максимално. Заведете го оној што ви се допаѓа!

Работа и пари

Во месец април најсреќни ќе бидете кога ќе си ги исполнувате вашите желби и затоа тоа ќе ви биде приоритет. Со Сонцето,кој првите 20 дена ќе биде ќе добиете огромна самодоверба.

Овој месец три планети ќе започнат да се движат ретроградно во сектори поврзани со вашата работа.

Запомнете го ретроградното движење на планетата на трансформацијата Плутон, кој на  24 април, ќе започне да се движи во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Во следните 5 месеци, избегнувајте конфронтации и препирки со авторитетни личности и не менувајте ништо во вашиот начин на работење.

Но , тука е  среќниот Јупитер, кој на 10 април ќе започне да се движи „наназад“ во вашата 9-та куќа на претприемништвото и експанзијата. Ова не е време за да продолжите да истражувате нови области или да го ширите вашиот бизнис. Застанете и анализирајте до каде сте со реализирањето на вашите планови. Ако има нешто што сакате да го направите поинаку, направете го сега.

И се така во вашиот сектор на работа и пари до 30 април, кога и камричкиот Сатрун ќе почне да се движи ретроградно во вашиот дел на професија и работа поврзана со пари.Тој ќе ве научи на многу нешта во следниот период а најважно после тоа ќе бидете во се повнимателни.

На 17 април комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот знак и ќе го означи почетокот на тринеделен период во кој треба да ги покажете вашите квалитети. Не чекајте успехот да ви падне од небо, самите зграпчете го. Веројатно тоа ќе се случи уште на 19 април, кога полната месечина ќе настапи во вашата 10-та куќа и ќе ги трансформира вашите напори во постигнувања. Ќе бидете забележани!

Здравје

Сонцето во првите 20 дена ќе престојува во Овен,вашиот астро знак и тоа ќе ви дава голема енергија. Искористете го тоа за редовни тренинзи и создавање добри навики кои ќе ви го подобрат квалитетот на живот. На тоа да се додаде енергичниот Марс кој цел месец ќе патува во вашата 3-та куќа на комуникацијата и истомислениците, па ќе ве поттикне да се зближите со лица кои имаат исти интереси како вас. Можно е да започнете да тренирате заедно со некого или да најдете ново друштво за активности кои ве интересираат.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.