Близнаци ( 21 мај до 20 јуни) -многу настани со сонцето во вашиот знак

Од 21 мај до 20 јуни , сонцето престојува во знакот на Близнаците.

Оваа година ги очекуват многу настани и промени, кои ќе им донесат нов  свеж ветер во нивните животи!

Љубов

Обновете си ја енергијата, одморете си го телото, излекувајте си ја душата… И направете се она со што знаете дека можете  да влезете  во вашиот најубав период од годината – месецот наа близнаците.

Откако ги поминавте бурите во месец мај , и се ослободивте од товарите во душата, од сенките на минатото, подготвени сте токму пред влезот во вашиот Сончев месец ослободени од се што ви тежеше, да почнете нова страна во животот.

Најважно е ако успеавте во последнава недела со помош на  романтичната Венера да ги прекинете сите врски во кои се чувствувате неудобно, несреќно или невидливо. Врските се двонасочна улица, кога давате, треба и да добивате.

Од денеска (21 мај)  Сонцето веќе влезе во вашиот знак, ќе добиете крилја за да полетате. Слободата ќе ви биде најскапоценото нешто и ќе туркате далеку од себе сè што може да ви ја ограничи. Вашата роденденска сезона наближува, дочекајте со раширени раце и се разбира, замислена желба.

Додека најголем дел од планетите ќе ве успиваат, енергичниот Марс ќе ве одржува на љубовната сцена, давајќи ви магнетска привлечност и заводливост. Во првата половина од вашиот сончев месец, планетата на сексапилот и страста ќе патува во вашиот знак, потсетувајќи ве дека можете да освоите сечие срце. Погледот ќе ви биде моќен, па флертувајте!

Ако сте сингл, трагајте по партнер кој може да го задоволи вашиот префинет вкус. Во овој период ќе ги обожавате визуелно привлечните нешта. Доколку имате партнер не чекајте само тој да се занимава со вас, посветете му од вашето вниание исклучиво нему и двајцата ќе бидете задоволни.

Работа и пари

Откако поминавте месец каде бевте помалку мрзеливи и незаинтересирани за вашата работа а парите кои обично ви се ваш предизвик и двигател ги гледавте со поинакви незаинтересирани очи, дојде вашиот месец. Желбата за заработувачка расте а вие како и обично колку поголема ќе биде вашата заработувачка, толку помотивирани ќе бидете да работите. Сонцето ќе ви даде сигурност и енергија, па се повеќе ќе го цените својот труд.

Со зголемена енергија  ќе добиете желба да ги размрдате сите делчиња од вашиот живот кои претходно ги занемарувавте. Ќе бидете неуморни и упорни во остварување на своите професионални цели и оттаму вашата заработувачка ќе се зголемува, што ќе ви дојде добро за да можете да си го планирате вашиот годишен одмор.

Здравје

Имате пролетен фитнес план? Ако немате, направете го како и обврската дека мора да одржувате поздрав начин на живот. Многу близнаци ќе си ветат дека ќе се хранат здраво или дека секојдневно ќе тренираат. Без изговори, можете! Треба да бидете мотивирани да станете најдобрата верзија од себеси!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.