На 17 октомври, четврток, со почеток во 19.30 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка, ќе се одржи музичко- сценска вечер насловена „Трите тенори и уште нешто…“ на која ќе настапи Камерната опера од Благоевград, Бугарија.
Главни гости се трите тенори Јуриј Николов, Михаил Михајлов и Георги Динев, придружувани од оркестарот на Камерната опера Благоевград. Концерт мајстор е Стоил Богданов, а диригент Георги Еленков.
На програмата се дела од Верди, Пучини, Доницети, Чилеа, Лара, Денца, Рота, Дала и други.
Оперскиот спектакл „Трите тенори и уште нешто…“ е дел од манифестацијата „Есенски музички вибрации“ и „Крива Паланка- Град на културата“.
Влезот е слободен.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.