Хорот ГОРТИНИЈА имаше импресивен настап во салата на Филхармонијата во Скопје. Концертот беше посветен на
јубилејот на Женскиот младински хор при МКЦ – Скопје, кој оваа година бележи импозантни 50 години успешна работа.
На големиот хорски настан, на кој учествуваа најдобрите хорови од Македонија и гостински хорови од Полска, „Гортинија“ се претстави со композиции со различни музички стилови, композиции од домашни автори како и композицијата „Македонско оро“ од Тодор Скаловски најсложена и најоригинална хорска композиција, која познатиот руски композитор, Шостакович, ја коментира како „ремек дело на хорската музика од 20-тиот век“.
Бројната публика во Филхармониската сала, во која имаше композитори, диригенти, претставници на министерства, како и јавни личности од музичкиот и уметничкиот свет, го
поздрави настапот со бурен аплауз и овации, оценувајќи дека „Гортинија“ остави силен впечаток со својата интерпретација и стручната публика потврди дека се работи за еден од
најдобрите хорови не само во Македонија туку и многу пошироко во регионот.
Диригентот Илија Атанасов, по концертот, меѓу другото изјави дека Гевгелија има една од најуспешните уметнички институции, со огромен потенцијал, во чие развивање и унапредување мора да обрне малку повеќе и посериозно внимание.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.