Во рамки на годишната програма на НУ Музички Ансамбл на Република С. Македонија- Тетово на ден 22.11.2024 година, сабота, со почеток во 19:00 часот на сцената на Центарот за Култура во Тетово ќе се претстави со празничниот концерт “Под ноемвриските звуци”, со кој ќе се одбележат ноемвриските празници на албанскиот народ.
На сцената ќе се претстави симфонискиот оркестар под водство на диригентите Агона Чупи и Премтим Етеми, како и познатите солисти: Бесарта Муртезани, Јетмир Реџепи, Леотрим Зејнула, Дајана Малолари Пајазити и Бетим Шабани.
На репертоарот ќе бидат изведени маестрални дела на познати албански композитори, делови од опери и арии.
Со овој концерт ќе се чествуваат најголемите празници на албанскиот народ, 22 Ноември- Денот на Албанската Азбука и 28 Ноември- Денот на Албанското знаме.
Ова е трет проект на Националната Установа “Музички Ансамбл на Република С. Македонија”- Тетово за 2024 година, а до крајот на годината планирано е да се одржи и четвртиот концерт на популарната музика.
Овој проект како дел од годишната програма на НУ Музички Ансамбл на Република С. Македонија- Тетово, е поддржан од Министерството за Култура и Туризам на Република С. Македонија.
Влезот е бесплатен, и организаторот ги поканува сите граѓани и љубители на уметноста да уживаме заедно во музичката магија со најубавите дела на албанските композитори!