Георги Шарески-Вудсток е поврзан со Охридско езеро

Познатиот музичар Георги Шарески, еден од првенците на современата македонска музичка сцена, со богата кариера и во странство, на фејсбук сподели импресивна сторија. Вреди да се прочита и да се поверува.
-Дали знаете дека Охридското езеро е директно поврзано со легендарниот Вудстоко фестивал во 1969. Имено, после првата светска војна во Охрид се развива чуно-градителска индустрија, а најквалитетните дрва биле складирани на местото кое денеска го знаеме како Градиште. Таму живеел дедо Томе, најпознат мајстор за правење чунови (или дрвени кајчиња) во регионот. Дошол некој богат американец од државата Њујорк со намера да нарача custom made чун, па го испратиле во денешно градиште кое тогаш било познато како дрвена залиха. Подоцна овој американец купил фарма во Њујорк и ја крстил Вудсток, а неговиот син во 1969 го издава токму тој имот на организаторите на најпознатиот музички фестивал во историјата на светот. Дрво на англиски е вуд а залиха е сток, па сега поврзете си вие самите колку Охридското езеро влијаело на музичката историја.
Во сабота свириме на Џангл бич некогаш позната како дрвена залиха, и ќе биде добро, има и плакат, напишал овој добро познат млад уметник во својата објава.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.