„Фолтин“ на концертна турнеја во Струга, Битола и Кавадарци

17

Групата “Фолтин” тргнува на мини- турнеја низ земјава.
Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во рамките на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм. (Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar).
Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers).
Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј- Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов- Климе. Поддржано од Министерството за култура).

Фото: Весна Пукич

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.