“Фанк шуи” со нов видео спот за песната “Никогаш пак”

Funk Shui со константната работа на својот израз, ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб, итн.), како и издавање на долгоочекуваниот албум “Никогаш Пак” на 31 Март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар. Нумерите на албумот во рекордно време се позиционираа на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот.
Funk Shui ја започнуваат 2024та со нов видео спот за песната “Никогаш Пак”, издаден денес на 25 Јануари на YouTube каналот на Funk Shui.
Funk Shui – Nikogash Pak email.jpg
FUNK SHUI – “НИКОГАШ ПАК”
“Спотот е снимен низ локациите кои ги искористивме за осознавање и оформување на сами себе во младоста, кои ги осеќаме како дома, можеби повеќе од сопствените тогашни домови. Обидот е да се долови бруталистичката архитектура, потписот на нашето родно место и симболот на солидарноста и давањето, начинот на кој ние го разбирам и сфаќаме Скопје и нешто схто можеби се третира и во текстуалноста на оваа песничка. Оддаваме почит кон Скопје заедно со Владислав Гавриловски, визуелниот резидент и камерманско/ режисерскиот ум на оваа бетонска градина од спот. Песната е балада за превртливата врска помеѓу писателот и Скопје и неколку скопјани. Сите други писателот ги сака и ќе биде тука за нив, како 78. земји кои беа тука за Скопје по земјотресот во 1963.”
Видео записот е на Владислав Гавриловски. Музиката и текстот се на Фанк Шуи, а аудио продукцијата повторно на Бен Милчев.
Синглот “Никогаш Пак”, како и истоимениот албум е достапен на сите дигитални платформи за слободно преслушување и се наоѓа на повеќе од 150 дигитални музички продавници.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.