Охрид, 19.08.2024
Традиционалната вечер на Европската унија на фестивалот „Охридско лето“ денеска од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на виолончелистката Ками Тома од Белгија и пијанистот Жулиен Брокал од Франција.
Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката која ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ да ги спојува луѓето и да ги инспирира независно од нивните културни различности.
Сезоната 2023/2024 за неа е интензивна со концерти на Фестивалот Шлевиг-Холштајн, настапи со рецитали во Душники, Биариц и на фестивалот „Кронберг“. Ќе настапува со Националниот оркестар во САД и диригентот Густаво Гимено, а како резидентен артист со Еременскиот државен оркестар ќе има четири настапи под диригентската палка на Сергеј Смбатјан. Ќе биде солист со Симфонискиот оркестар во Портланд, оркестрите во Ахен и Штутгарт, како и со Филхармониајта на Јужна Холандија.
Францускиот пијанист Жулиен Брокал музичкиот магазин Би-Би-Си го прогласува за откритие на годината во 2018, и тој од тогаш настапува во познати концертни сали низ целиот свет. Има издадено неколку албуми, еден посветен на Шопен и еден на Равел и Момпу, како и трилогија заедно со виолончелистката Ками Тома посветена на Ф. Шопен.
Оваа сезона, Брокал го очекува промоција на нов албум со наслов „Тука“ кој содржи негова авторска музика и уште едно издание заедно со Ками Тома со која настапува и на бројни концерти. Покрај неа тој соработува со виолинистот Даниел Хоуп, како и со Розан Филипенс. Традиционалната концертна кариера, Брокал ја комбинира со работата во неговото студио наречено „Музичка градина“ кое е креативен еко-систем и ги рефлектира принципите на перма-култура овозможувајќи простор за изведби во живо, снимања и резиденции.