24.11.2024
По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ- популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак. Судејќи според реакциите од тизер- рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит.
Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро “аренби” 2000-ти.
„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кој имаат 15 години да не ме познаваат“ – изјави Елвир.
Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е во режија на Гордан Божиновски – Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.
Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.
Во продолжение погледнете го спотот за песната „Негде после два“ кој се промовираше на Јутуб каналот на Урбан Рекордс и веќе е на трендинг листата.