ЕКСКЛУЗИВНО: Снимка од концертот на Марио Бионди во Скопје

Неодамна во Скопје по прв пат гостуваше италијанската ѕвезда со светска популарност Марио Бионди, кој направи фантастичен музички настан под отворено во Винарија Камник.

Целта беше да го промовира своето ново цеде “Романтик”, но неизоставно, и во таа пригода Марио ги испеа и хитовите со кои се здоби со светска слава.
Скопје (12 јуни 2022) беше една од точките на неговото пропатување низ Балканот, каде дојде од Белград и тоа го најави на својата фб страница.
Марија Димитриевиќ и нејзиниот бенд со џез изведби беа увертира во вечерта, на кои се надоврза Марио Бионди со својот бенд од Италија.

Овој пејач и текстописец не само што ги престави дел од песните од „Романтик“ исполнети со романтични звуци, туку ја почести публиката со познатите хитови, кои добро и дојдоа Love is a temple, This is what You are, What have You done to me…
Романтиката, но и машката стаменитост и елеганција, се негов знак на препознатливост, што ги внесува во својата соул и џез музика. Својата кариера ја почнал во осумдесеттите години во Италија, и отогаш наваму продолжил и како пејач и како автор.

Неговиот концерт во Македонија беше организиран од страна на Musicology Sessions S. Makedonija

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.