Џон Даутон ни ја подарува својата најнова песна 

Џон Даутон од Лондон, професор по англиски но и руски јазик, е еден од најомилените ликови зад светлата на Евровизија.
Овој млад Британец е пријателски расположен и секогаш позитивен кон нештата, распеан фан, а и самиот со бројни фанови како пејач кој прави кавери за свое задоволство, но снима и авторски песни.
Тој е еден од оние “светли точки” во однос на давање значење на позитивата, неговото внимание секогаш е насочено кон најубавите нешта кај луѓето.
Овој пат реши премиерно својата нова песна да ја објави на порталот за култура и уметност “КулАрт” и со тоа и да ги поздрави македонските евровизиски љубители и на сите да им посака Среќна Нова 2025 година.
Ќе рече:
– Верувам дека Евровизија е од витално значење за зближување на земјите, бидејќи таму ја слушаме музиката, ги гледаме шоуата и си наоѓаме нови идоли! Ништо друго не се споредува со тоа во однос на музиката, и јас сум многу среќен што сум обожавател! Но исто и изведувач, вели
Сними нова песна и ни ја подарува за слушање, како пријателски гест. Џон очекува мислења за песна, но најмногу од сѐ вели тоа е пред сѐ за забава и покажување на добра волја.
Патем и најавува посета:
-Би сакал да ве посетам, слушнав неверојатни работи за вашата земја, од Скопје до Охридското езеро. Сакам да посетувам нови места!
Слушнете ја неговата песна:

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.