Националниот Џез Оркестар подготвува уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот!
На 30-ти ноември 2024 година, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, следува концертот “Golden Rock Swings”.
– Нашиот оркестар, заедно со гудачкиот ансамбл, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Таа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив.
Ексклузивни гости на концертот ќе бидат: Бранислав Николов од “Фолтин”, фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгреен и неверојатната Светлана Јовановска.
Билетите се веќе во продажба! Може да ги набавите на следниот линк и на продажните места на MKТикетс. https://mktickets.mk/event/golden-rock-swings/ !
Дизајн на постер- Небојша Наск.