ЕКСКЛУЗИВНО: Концерт на Националниот џез оркестар со Греми-добитник, тапанарот Џон Рајли и светски познатиот биг бенд диригент, Зиги Фајгл

 

Националниот џез оркестар го најавува следниот настан за оваа сезона – Концерт на Националниот џез оркестар со гостите Џон Рајли (тапани, на фотосот) и, за нас добро познатиот диригент, Зиги Фајгл.

Џон Рајли e светски реномиран и признат изведувач, автор и учител, кој соработува со светските водечки џез музичари повеќе од 40 години. Четирикратен добитник на Греми наградата, од вкупно 14 номинации, Џон има реализирано стотици снимки и настапи со Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Стен Гец, Вуди Херман, Џон Скофилд, Џо Ловано, Боб Минцер, Карнеги Хол џез бендот, џез оркестарот Вангард и многу други.

Џон е автор на The Art of Bop Drumming, моментално објавена на пет јазици, Beyond Bop Drumming, The Jazz Drummer’s Workshop, и The Master Drummer.

Џон има завршено дипломски студии по џез музика на Универзитетот во Северен Тексас (1975) и мастер студии на Музичката школа на Менхетен (1985), каде денес е и професор. Тој исто таке е професор и на Универзитетот Куцтаун, визитинг професор на Конзерваториумот во Амстердам во Холандија, и редовно држи предавања низ целиот свет.

Зиги Фајгл е добро познат на нашата публика, меѓу другото и по неколкуте досегашни настапи со нашиот оркестар. Фајгл е светски познат диригент на биг бенд, првенствено познат по неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-бендови и ансамбли, меѓу кои биг бендот во Грац, каде што е и декан и професор на Универзитетот за музика и изведувачки уметности; ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку својата работа покажувајќи го својот талент за аранжирање и диригирање на големи музички состави.

Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции. Соработувал со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто лидерство и иновативни аранжмани.

Како диригент на биг бенд, Сиги Фајгл игра витална улога во обликувањето на звукот и насоката на ансамблите што ги води, здружувајќи ги талентираните музичари за да создадат динамични и привлечни изведби. Неговата посветеност на уметничката форма и неговиот придонес во традицијата на биг бендот го зацврстија неговото место како почитувана личност во светот на џез музиката.

На програмата ќе бидат композиции од оркестарот Тед Џонс/Мел Луис, оркестарот Vanguard Jazz, како и од Бади Рич биг бендот и Оркестарот Стен Кентон, создадени од повеќе различни композитори меѓу кои: Тeд Џонс, Џим Мекнили, Боб Брукмаер, Бил Холман. Извонредни стандарди и аранжмани кои дополнително ќе ги истакнат способностите на нашиот гостин – тапанар.

Не го пропуштајте концертот на овие музички великани и Националниот џез оркестар.

Сабота, 1 јуни, 2024г.

20ч.

Македонски народен театар

Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МНТ или online на страната на МНТ.

Студентите и пензионерите може да ги набават своите билети со попуст од 50% на билетарница, по приложување на соодветен документ.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.