На 30 април во Ибни Пајко цел ден бесплатно ќе уживаме во џез

На 30ти април, во паркот “Ибни Пајко,” со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на нашиот целодневен џез хепенинг со кој се приклучуваме кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.
Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти:
Сашко Николовски Септет (МК)
Фани Поса Квартет (ХУ/СРБ/ДЕ)
Гоце Стевковски – Богданци Реунион квартет (МК)
Лана Јањанин Квартет (ХР)
Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК)
Карлос Сардуј Грув Месинџерс (КУБА).
На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.
Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.
Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.
Ден пред 1ви мај, ве покануваме да заборавите на секојдневните рутини и обврски и да ни се придружите на настанот по кој е препознатлива пролетта во Скопје – глобалната прослава на џезот и неговите придобивки!
Бидете дел од ова случување, да уживате во радоста на џез музиката бидејќи на овој ден, сѐ е џез!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.