Бесплатен Џез концерт утре во “Дајмонд мол”

Џез ФМ Радио поканува на одбележувањето на Светскиот ден на радиото, утре (четврток, 13 февруари) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, каде ќе се одржи концерт со почеток во 21 часот.

На настанот, кој е во рамките на „Денови на литературата“, ќе настапи џез- составот Skopje Jazz Inc. Концертот ќе се пренесува во живо на добро познатата фреквенција на „Џез ФМ“ – 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.