Две нови изданија за Шарла Рекордс

Најновите две изданија на независната музичка издавачка куќа Шарла Рекордс се во вид на ЕР објави на двајца соло артисти: Сашо Митревски – И бол и бес ЕР, и проектот Waltz in Wires – Празна соба ЕР на охридскиот артист Санел Ајруловски.
Сашо Митревски е познат како долгогодишен пејач и гитарист на бендот Милко со кој веќе има потпишано 3 албумски остварувања во последните 15 години. Се работи за искусен автор со карактеристичен музички стил и звук инспириран од најдобрите примери на британската независна рок сцена од минатиот век.
Она што го издвојува од останатите на ова издание е зрелоста како композитор, но и изведувач со свеж и исклучително софистициран музички израз. Како соло артист, ова му е трето издание, прво под етикетата на Шарла Рекордс.
Waltz in Wires е псевдонимот позади кој стои охридскиот музичар Санел Ајруловски. Празна соба ЕР е негово трето издание за Шарла, второ на македонски јазик по успешното деби со Златни мугри ЕР. И овде Санел ја задржува стилската линија на пост панк/дарквејв звукот од раните 80ти години на минатиот век, со современа и чиста
продукција која става акцент на самите композиции. Помеѓу нив се наоѓа и една обработка на песната Јуда на култниот македонски бенд Мизар.
Повеќе инфо за овие изданија на следните линкови:
https://sharla.bandcamp.com/album/i-bol-i-bes-ep
https://sharla.bandcamp.com/album/prazna-soba-epЛинк за слободно преземање (free download):
https://we.tl/t-t2cscMZwoW

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.