Два предбожиќни концерти на Каролина, Дуке и Исмаил!

“ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ”
3.и 4. ЈАНУАРИ, МОБ
20 часот
За финале на скопскиот маратон, овој пат на уште поинтимна локација – Македонската опера и балет!
-Да не должиме многу. Поминаа концертите. Беа пет во три дена. Кој беше, виде и почувствува, вели организаторот и додава :
-Поради навистина неверојатен интерес и притисок за влезници изминативе денови, како и фактот што Дуке и Исмаил остануваат во Македонија и во првата недела од јануари, се одлучивме да направиме уште два концерти, како би можеле оние кои не дојдоа до влезници за изминатите концерти овој пат тоа да го сторат.
Овие два концерти се на поинтимна локација со помал капацитет (само 650 места од вечер) – Македонската опера и балет, која исто како и Македонската Филхармонија, во својата ДНК го има она што овие концерти го претставуваат суштински.
Влезниците, само 650 од вечер ќе бидат пуштени во продажба од среда во 09 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на avalon.mk по следните цени и категории:
– 1.500 денари
– ВИП – 1.990 денари

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.