Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев. Тој е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“. Наградата на Теодосиев му беше врачена минатиот петок (20 октомври) пред самиот настап на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал.
Фото: Татјана Ранташа