Десетте најздрави градови на светот

Агенцијата за изнајмување Spotahome од Мадрид направила анкета откако  одлучила да открие што значи здравјето на еден град со помош на индекс. Индексот HCI дава оценка од 1 до 10 врз основа на 10 фактори. Секој град којшто нема оценка за кој било фактор веднаш се исклучува од рангирањето, а во последното рангирање за 2018 година на листата се најдоа 89 земји.

Факторите кои се земаат предвид при оценувањето се: просечен рејтинг на салите за вежбање, број на сончеви часови годишно, очекуван животен век при раѓање, ресторани за брза храна, гојазност кај возрасното население, баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, квалитет на водата и на воздухот, зелени површини, станици за полнење електрични автомобили .

За секоја од овие категории се користат најновите податоци од повеќе извори како што се UBS Global Cities Ranking 2018, OECD Better Life Index, World Health Organization, TripAdvisor и CIA World Factbook. Кога ќе се соберат сите оценки, се прави еден просек од сите 10 фактори.

Според годинашниот индекс, ова се топ десет најздрави градови во светот:

Амстердам, Холандија ( 6.67 )

Осло, Норвешка (6,62)

Минхен, Германија (6,60

Ротердам, Холандија (6,60)

Берлин, Германија (6,52)

Талин, Естонија (6,36)

Виена, Австрија (6,31

Аделаида, Австралија (6,31)

Хелсинки, Финска (6,30)

Перт, Австралија (6,30)

Грижата за здравјето е полесна во градот каде што живеете, ако има зрави социјални навики, што значи да нема многу ресторани за брза храна, да има многу зеленило и чист воздух и да има доволно места за рекреација на жители.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.