„Ансамблот Бојмија“ уште еднаш го докажа својот квалитет во негувањето и презентирањето на македонскиот изворен фолклор. Со сценската поставка „Посеље“ тие ги освоија срцата и на публиката и на жирито, со што заслужено освоија Гран при на овогодишното издание на Интернационалниот мултикултурен изворен фестивал „Велигденски средби“.
Фолклорниот фестивал „Велигденски средби“, оваа година, го имаше своето 18 -то издание, а се одржа од 15 до 17 април во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, во непосредна близина на с. Ораовица. На Фестивалот настапија домашни и странски културно- уметнички друштва од Македонија, Косово и Бугарија.
Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуват обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат.
Организатор на Фолклорниот фестивал е Ансамблот „Китка“ од село Ораовица.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.