“Bella”- претставничка песна на “Џојвижн”

Христијан Настески- Пајак и Лара Иванова со дуетска песна „Bella“, ќе бидат преставници на Македонија на виртуелниот глобален избор “Џојвижн”.

Текстот и музика на песната се со потпис на Пајак, а аранжманот е дело на Иван Јованов- Ивајо.

Натпреварот “Џојвижн” е закажан за 21, 23 и 25 јануари 2025 година. Гласаат претседателите на клубовите од земјите и предлагачите на песните. Гласањето за полуфиналето ќе започне наскоро: Прво полуфинале: Гласањето отворено од 17-ти јануари до 19-ти јануари Второ полуфинале: Гласањето отворено од 19 јануари до 21 јануари Финале: Гласањето е отворено од 23 јануари до пладне на 25 јануари

Инаку, песната Bella во јануари 2023 година за само три месеци откако беше претходно изведена на “Макфест”, на Јутјуб достигна 10 милиони гледачи.

Христијан Настески, попознат како Пајак — македонски трап- изведувач и текстописец. Роден е во Охрид, Република Македонија на 10 јануари 2001 година. Негова матична издавачка куќа е Урбан рекордс. Со музика започнал да се занимава уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко, кој е поранешен гитарист и љубител на рок-музиката…

Дуетот со талентираната Лара му е полн погодок.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.