Специјално од Малме Валентина Ѓоргиевска Парго, 8 Мај 2024
Во тек е Евровизијата 2024 која се одржува во шведскиот град Малме и на која учествуваат 37 земји од Европа, вклучително и Австралија и Израел.
Најобожаваниот, најголемиот и најгледан фестивал на светот, кој оваа година се одржува по 68. пат секогаш испраќа порака за спојување на нациите и луѓето преку музика, а годинава така гласеше и официјалната парола “Сплотени преку музиката” United by music.
Бидејќи нашата земја оваа година, како и минатата, не испрати свој претставник, наместо знаме се развеа пораката за мир напишана од повеќекратниот кандидат за Нобелова награда Живко Поповски Цветин.
Прв потписник на пораката во прес центарот е Ангелос Дадаљас, еден од најпознатите евровизиски личности, основач на мрежата на евровизиски клубови ИНФЕ, основач и уредник на евровизиското еврофан радио кое емитува програма во текот на целата година и многу познат евровизиски известувач.
Greece for Peace, гласеше неговата лична порака!
Меѓудругото тоа, Дадаљас е исто така познат адвокат од Атина, а веќе неколку години и актуелно е вклучен во многу клучни европски проекти во Сразбург и повеќе други европски градови.
Во негова продукција дваесеттина грчки пејачи, вклучително и музичката ѕвезда Елизабет Христу која беше Мис на Грција, учествуваа на Еврофест во Скопје и на Охрид фест во Охрид, во изминатава деценија, победуваа, освојуваа Гран при и други вредни награди.
На ведриот и секогаш пријателски расположен Даљас Цветин лично ќе му врачи и Цветинова награда за мир наскоро, за време на специјалната изложба за мир која ќе ја организира.
Во оваа пригода, Дадаљас упати и официјален аудио поздрав за Радио Преспа кое се емитува во Сиднеј, со познатиот водител Симеон Георгиевски- Бричот.
По него, пораката за мир ја потпишаа и повеќе познати медиумски личности и фанови со официјални акредитации на Евровизија, од Италија, Украина, Шведска, Канада, Турција, Азербејџан, Шведска, Израел, Грција, Франција, Словенија,Холандија, Франција, Португалија, Германија,Швајцарија, Америка, Австралија и други .
Цветната порака гласи “Со убавината на музиката и цветот, ќе го спасиме светот”, упатена од Цветин, Парго и познатиот поет од ДПМ Горан Анчевски.
Утре, по повод 9 мај Денот на Европа ќе следува и громогласен аплауз за оваа порака, од новинарите и фановите на Евровизија 2024.
Патувањето е овозможено од ТА. Џина Брага Сиднеј и медицински центар “Холиомедика”- Скопје
Медиумска соработка: Симе Георгиевски- Радио Преспа и Скидроу Сиднеј, Живко Поповски Цветин- Здружение “Гороцвет”, Татјана Гогоска- портал за култура “КулАрт”