Анета Наковска, инспирирана од природните убавини на океанот! 

Повеќе модни верзии, а секогаш во одлично расположение и инспирирана од природните убавини околу себе, во кои ужива. Фолк пејачката Анета Наковска подолго време живее во егзотичната Флорида во Америка, каде често го посетува брегот, океанската шир и не оддолева на предизвикот да се фотографира, секогаш во различни елегантни и женствени креации.

Атрактивен и провокативен трендовски имиџ, и темпераметот по кој ја препознаваат, се нејзини одлики.

Самата признава дека нејзината неодолива убавина, е резултат на гените и многу физички вежби и медитации.

На полето на музиката, многу често настапува во познати клубови, но верувале или не, за промена, повеќе со американски и светски поп хитови, а со фолк репертоар само меѓу нашите иселеници.

Ја помниме по многу хитови, и неизоставно по авторскиот албум кој на виделина ја изнесе нејзината даровитост и како авторка, не само како пејачка.

Тоа беше албумот “Ти требам ” креиран на почетокот на 2000-тите, а објавен во 2005-та година…

“За Македонија”, “Ти требам”, “Мачо мен”, “Хит”, “Ти ми требаш за да живеам”, “Ѓаволица”, ”Бели Друмови”, “Добро ми дојдовте”, “Било поминало”, “Како се викаш”, “Денес тој рече Да”, “Во тага сум облечена” ,” Жена фатална” беа потпишани од неа како авторка на текстовите и музиката, и зрачеа со чуден женски жар.

Испеа многу певливи песни на фестивалите, сама или во дуети, со Војо Стојаноски, со Благоја Грујовски, Тони екс “Биоритам”, Новица, Зоран Џорлев…

Таа е голем индивидуалец, жена од момент, и го први тоа што го чувствува во моментот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.