ЕВРОВИЗИЈА 2022: Андреа ја пее Circles во Тел Авив

(фотографијата е позајмена од нејзината фан страница)

Тел Авив,7 април 2022

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска со својот евровизиски тим, е во Тел Авив, Израел на предевровизиска турнеја, и таму денеска претсфбичката песна Circles ќе ја претстави во арената Менора Мивтахим.
Пред тоа, деновиве, беше во Лондон, каде настапи во Хард Рок хотел, покрај 30 тина музичари од Европа а и нашите “Ај Кју”, кои ја претставуваа нашата земја на Евровизија во 2018 година, а сега живеат во Британија.
Андреа настапува на 12 мај во Торино, на второто полуфинале. Нашата претставничка е сосема убедена во влез во финале, но според обложувалниците, кои не се многу оптимистички, ќе треба да се задоволиме само со 16 место во полуфиналната табела.
За главни фаворити важат, украинските претставници “Калуш Оркестар” , кои според обложувалниците треба на Украина да и ја однесат големата евровизиска победа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.