„Амадеус бенд“ доаѓа во Скопје да ја промовира песната “Београд”

Популарниот српски музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, на 17 март, четврток, со почеток во 20 часот во скопскиот клуб ресторан „Дион“ се подготвува да одржи уште еден незаборавен настап во живо.
Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната.
Настанот ќе биде организиран според сите важечки протоколи за ковид-19.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.