Александра Јанева со концерт во Крива Паланка

Вечерва, 9 август (2024) со почеток во 20 часот, на летнтаа сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи концерт на поп пејачката Александра Јанева.
Концертот се организира во чест на Меѓународниот ден на младите, 12 август, а е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Младата и талентирана пејачка Александра Јанева е победник на музичкото шоу “Сите наши песни” и на МАКФЕСТ 2013 и 2016, а беше и придружен вокал на Евровизија 2019 со Тамара Тодевска.

Во својата 11- годишната музичка кариера Јанева има бројни синглови и хитови од албумот “Срце отвори”, а само во изминатите три месеци има издадено три нови песни, меѓу кои и хитовската “Нашата песна”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.