45 години од првиот албум на “Леб и сол”

Овој месец се заокружуваат 45 години од првиот објавен албум на македонската бренд група “Леб и сол”.
“Леб и сол” е и името на првиот студиски албум на славната македонска џез/рок група, кој бил издаден во јануари 1977 година, поточно на 9-ти јануари, преку издавачката куќа ПГП РТБ.
Подоцна, бил реиздаден заедно со „Леб и сол 2“ во 2000 од ПГП РТС како „Леб и сол 1 & 2“.
Групата ја сочинуваа Влатко Стефановски–вокал и гитарист, Кокан Димушевски– клавијатури, Бодан Арсовски– бас гитара
Гарабет Тавитијан– тапани и перкусии.
Целосно времетраење на албумот е 36:16 минути, а се реализирал со помош на аудио инженерот Иштван Тиба и неговиот асистент Каталин Фаркаш.

На тој албум се следниве нумери:

Деветка (4:30)
Под водом (4:58)
Утринска тема (3:20)
Кокошка (5:00)
Нисам твој (3:20)
У сенци
Чудо за три дана (2:50)
Песма о Соњи х… (5:09)
Дамар (3:28)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.