10 причини зашто е многу важно да излезете надвор, на отворено и во природа.

  1. Добро е за вашето срце
  2. Оние кои поминуваат време во природа полесно одржуваат здрава тежина на своето тело.
  3. Ја подобрува вашата меморија и ве прави посреќни
  4. Го подобрува имунитетот.
  5. Ја подобрува работата на мозокот, концентрацијата и продуктивноста.
  6. Може да го намали чувството на болка ако ја имате.
  7. Природата инспирира и ја зголемува креативнота.
  8. Го зголемува витаминот Д кој е многу важен за организмот, секако ве советуваме да се заштитите со крема со заштитен фактор.
  9. Го подобрува сонот.
  10. Ја намалува анксиозноста.

Сега е време само да одберете дестинација и да излезете во природа. Во нашата земја има многу прекрасни места кои може да ги посетите и на еднодневен пикник. Еве неколку совети:

  • Водопадите Дуф кои се наоѓаат во селото Ростуше и изобилуваат со прекрасна природа, убава вода и се одлично место за прошетка и пикник.
  • Маврово кое изобилува со преубави излетнички места, буквално можете секој викенд да одите и сигурно нема да ви биде досадно, да се прошетате на брегот на Мавровското езеро, да кајакарите по езерото, да шетате низ прекрасните шуми, да ја видите пештерата Шаркова дупка, со жичарницата да се качите до скијачките терени и уште многу други активности.
  • Матка е дестинација која задолжително треба да се посети. Ќе уживате во убавите пејзажи и со сигурност ќе се размрдате. Можете со чамец да пловите по езерото за да ја видите пештерата Врело или пак пешки да се искачите и да прошетате до неколкуте цркви во оваа околина.

 

Поминувајќи повеќе време во природа си го подобрувате квалитетот на живот и сте посреќни. Секако ве замолуваме да бидете одговорни и внимателни кон природата да не ја загадувате туку да ја сакате и почитувате.

Водопад Дуф
Мавровско езеро
Езеро Матка
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.