Mузичарот Костадин Икононов – Коце, гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ , “Бисери” „Бис-Без“ и „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, композитор и аранжер, на 78 години почина вчера во Скопје по кусо боледување.
Важеше за еден од основоположниците на македонската рок-сцена.
Роден е во 1946, музиката ја засакал од мал, па по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште. Студирал медицина на желба на неговата мајка, но никогаш не работел како лекар.
Чичко е на Апостол Поце Икономов, пејачот на “Меморија”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.