Сеќавање на Мирко Митревски

35

На ФБ страницата “Бардовите на македонското глумиште” денеска потсетија на уште едно златно грло на македонската сцена.
Тие објавија некои податоци, ние дополнавме.
“Дали се сеќавате на еден славеј глас, на еден славеј- човек?
Од возач во РТВ Скопје до великан на Македонската песна!
Штом ги чуете легендарните: “Отвори го пенџерчето”; “Градел Илија манастир”; “Селвие Сенѓузел”; “Една мома”; “Седнав да вечерам”, “А бре чичо остарен”…веднаш знаете за кој изведувач станува збор, тоа е нашиот, единствен, незаборавен, Мирко Митревски.

Енергичен, лефтерен, како момче на сцената ! Настапи, турнеи, изведби, златни години…
Сите негови песни се енергични, весели, возбудливи!
За неговата преголема љубов со неговата Миркојца (Иванка) се зборувало долго, од бракот изродиле три деца… Негов единствен наследник е внуката, Ивона.
Откако неговата сопруга во 1997 година заминува од овој свет, Мирко наполно се изменил, од оној весел и чешит човек кој сите го знаеле, тој почнал постојано да тихува, да тагува, да биде отсутен…така по некоја година и тој и се придружил на својата сопруга во 62. година од својот живот!
Сите негови колеги меѓу кои Војо Стојановски, Блага Петреска, имаа да кажат само убави и пофални зборови за Мирко, колку бил скромен, чесен, добар, праведен кон сите свои колеги, но и многу весел по дух!
За него се посетува и Цане Петров автор на неколку негови шегобијни композиции меѓу кои и онаа “Си заљубив раперка” со Ена Веко испеана на “Цветници 1993”.
Роден е 1939 година во Требиште.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.