На денешен ден во 356 п.н.е. во градот Пела, во Егејска Македонија, е роден Александар Македонски. Тој е една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник, кој Македонија ja направил светска велесила.
Го поразил огромното Персиско царство и во својот поход стигнал до Индија, а умрел во Вавилон, на 13 јуни 323 г.п.н.е. на 33 годишна возраст,иако според разни извори има различни датуми, како за раѓањето, така и за неговата смрт
Александар е син на македонскиот император Филип Втори и епирската принцеза Олимпија. Тој според историските извори се родил на почетокот на месецот хекатомбајон, кој Македонците го нарекувале лоос, и тоа во шестиот ден, кога во Ефес е запален и храмот на Артемида.
Неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија тоа како историска вистина с еповлекува во многу документи каде стојат соништата на Филип и Олимпија коија навестиле силината на нивниот син.
Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и за победата на неговиот коњ на Олимписките трки.
Александар Велики Македонски е светска личност со македонско потекло кој го одбележи еден краток, но моќен период во светската и македонската историја.