8 јули 1497- Португалскиот морепловец Васко де Гама тргна на својот пат кон Индија

 

 

На 8.јули 1497 година познатиот португалски морепловец Васко де Гама, испловил од пристаништето во Лисабон на патување кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат до Индија. Големо откритие, кое ги споји два различни континенти на неколку меридијани. Во негова чест во Лисабон е изграден импозантниот мост Васко де Гама.

Васко де Гама ( ‘vaʃku dɐ ‘gɐmɐ,  1469 1524) бил истражувач и морепловец од Португалија. Тој бил првиот човек кој открил морски пат од Европа  до Индија, тотално избегнувајќи го Патот на свилата кој минувал низ тогашната Отоманска империја. Тој придонел многу за развојот на Португалија како колонизаторска сила и за воспоставувањето врски со јужно-азискиот свет.

 

Индија(хинди: भारत गणराज्य Bhārat Gaṇarājya; вид. други индиски јазици) е држава лоцирана во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од Индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути. Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан,НР Кина, Мјанамр, Бангладеш, Непал, Бутан и Авганистан.

Шри Ланка ,Малдиви и Индонезија  се одделни островски нации. Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,147,995,904 жители и седма по географска големина со 3,287,590 km². Главен град е Њу Делхи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.