Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на Модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година, веќе далеку познатото Венецијанско Биенале.
Венеција ( Venezia, Venexia) — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија . Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите “. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.
Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.
До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондли, чамци, мали параброди и моторни бродови . Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „ Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Уметноста е составен дел на животот во Венеција .Таа е човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки на природата, и се издвојува од останатите живи битија.
На Венецијанското Биенале, секоја втора година доаѓаат уметници од целиот свет за да ги претстават своите дела. Биеналето е своевиден расадник на младата уметност, кој трае веќе 124 години, бројка ,традиција и култура за почит.