06. јуни – Втора светска војна, започнува операцијата Оверлорд во Нормандија

6 јуни е 157-миот ден во годината, според грегоријанскиот календар (158 во престапна година). Остануваат 208 дена до крајот на годината.

1944 во Втора светска војна, овој ден е познат како Денот Д, кога над 155.000 американски ,британски и канадски војници се истовариле на брегот на Нормандија Така започнува операцијата Оверлорд, за продор на сојузниците во западна Европа. Овој Ден Д е почеток на крајот на Големиот Рајх и Втората Светска Војна.

 

Нормандија Normandie, се изговара normandie, од старофранцускиот Normanz, множина на Normant, со потекло од зборот “northman” во неколку скандинавски јазици. Нормандија  е еден од 18-те региони во Франција и приближно одговара на историското Вoјводство Нормандија. Административно, Нормандија е поделена на пет области Калвадос, Ер, Манш, Орн, Поморска Сена. Регионот опфаќа 29 906 km². Со население од 3 328 364 жители согласно пописот од 1 јануари 2016 (RP INSEE 2013), населеноста на Нормандија изнесува 111 жители на km² формирајќи околу 5% од територијата на Франција. Климата е океанска. Средните температури се 6°C во зима и 17,5°C во лето. Има свое знаме, грб и јазик.

Во исторските документи зошто токму таму започнал Денот Д, стои дека заради одличната геостратешка и воена положба како и пристапноста преку море , каде најмалку очекувале воените окупаторски сили.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.