На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25,000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржа својот последен концерт, концертот беше од хуманитарен карактер и средствата наменети за обнова на основните училишта во земјата.
Тодор „Тоше“ Проески ( 25 januari 1981-16 oktomvri 2007}— најнадарениот македонски пеач и една од најголемите ѕвезди на Блкнаската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на Прилепскиот фестивал Мелфест -1997 ,откако три години пред тоа настапуваше на Детскиот фестивал „Златно славејче “. На Мелфест победи изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме ( 1997) и Остани до крај ( 1998). Имал блиска соработка со скоро сите најеминентни светски,балкански и македонски музичари, изведувачии композитори. и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври беше прогласен за Ден на национална жалост.