5 јануари 911- Се упокоил свети Наум Охридкси Чудотворец

На 5 јануари 911 година се упокоил Свети Наум Охридски Чудотворец , еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета

Свети Наум Охридски Чудотворец (од 830 до 23.12.910 -05.01.911 година)  — средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската  писменост и  македонската писменост и просвета. Денес неговите мошти се изложени во по него наречениот манастир “Св. Наум“.

Култот на св. Наум

Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за светец , поради чудата кои се случувале на неговиот гроб и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во Македонија, како и во Бугарија, Албанија и Грција. Во посланието на охридскиот архиепископ Јосиф од 21 мај 1740 година се вели дека „чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“. Сепак, првите легенди и преданија за неговите чуда биле објавени во втората половина на 19 век.  Во 1925 година, српскиот епископ во Охрид , владиката Николај, издал книшка со триесет чуда, преданија и кажувања за св. Наум, пишувајќи дека „Св. Наум е почитуван и живее како опомена и совест во душите на луѓето“. Во една легенда се вели дека охридскиот цар му го изградил манастирот на св. Наум, додека во друга легенда, запишана од Бранислав Нушиќ, се вели дека манастирот бил царски дворец кој св. Наум го добил како подарок за излекувањето на царската ќерка.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.