На 5 август 1884-тата година на влезот од Њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуа на слободата.
Њујорк ( New York City) е најгусто населен град во САД и центар на метрополитентската област Њујорк,која е едно од најгусто населените урбани области во светот во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија,економија,култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел.
Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд.
Статуа на Слободата ( Statue of Liberty или Liberty Enlightening the World) — колосална неокласична скулптура на островот Слобода на пристаништето во Њујорк. Статуата е подарок од народот на Франција на народот на САД, и била дизајнирана од францускиот скулптор Фредерик Август Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз. Статуата била официјално отворена на 28 октомври 1886 година.
Статуата на слободата е фигура на една жена која ја претставува Либертас, божица на римската слобода. Таа држи факел над главата со десната рака, а во левата рака носи табула ансата на која има впишано со римски бројки: JULY IV MDCCLXXVI ( 4 јули 1776), датумот на Декларацијата за независност на САД. Статуата станала икона на слободата и на САД. На нејзината нога може да се види раскинат синџир кој укажува на тоа дека дамата била поробена.